ИЗБОР НА КОТЛИ
ИЗБОР НА ПЕЛЕТИ
ШТО ВЕЛАТ НАШИТЕ КЛИЕНТИ
"Како угостителски објект ни беше потребно да имаме професионален дистрибутер на кој можеме да се потпреме во секое време. Можеме само да искажеме задоволство од начинот на кој се одвива нашата соработка, секогаш брзо испорачано, секогаш количини на лагер и секако квалитетни пелети кои ни ја олеснуваат манипулацијата односно чистењето на котелот."
"Најголемиот проблем ни беше складирањето на пелети, а сакавме да извршиме уплата по поволни летни цени, опцијата да уплатиме поголема количина, а испораката да биде сукцесивна по мали нарачки во текот на сезоната е услуга која ни е од суштинско значење. Она што исто е битно што уплатените средства се сигурни и количини има секогаш на лагер кога и да извршиме нарачка, дури и во најголемата криза зимата 2017-та, сепак ни е битно што имаме соработка со компанија која влева доверба."
"Она што мене лично ми се допаѓа кога одам да купувам пелети е пријателската и пријатна атмосфера која владее во фирмата, сите млади и позитивни, а згора на се добри цени и секогаш има избор од неколку врсти и тоа ми дозволува да екпериментирам со котелот со различни класи и состав на пелети. Препорачувам да ги посетите."
Во оваа денешна брканица времето е најскапоцено. Секогаш сум преполн со обврски и немам време да барам, да шетам, да експирементирам итн., а имам фамилија и возрасни родители на кои треба да им обезбедам огрев. Отварам веб, правам нарачка, плаќам со картичка и проблемот со нарачка на пелети за мене е веќе заборавена тема и продолжувам со секојдневните обврски. Дечките веќе не ме ни контактираат после нарачката, знаат каде живеам, знаат каде да ги остават пелетите, истовараат и си заминуваат.