Loading...




За нас



            Компанијата “Пелет центар” – Скопје формирана е во Ноември 2012 година. Веќе шест години успешно ги задоволуваме потребите на потрошувачите и се профилиравме како сериозен и константен добавувач на пелети проширено со комплетна понуда на грејни тела односно котли на пелети. Пелет центар денеска брои девет луѓе кои посветено и одговорно работат за секој дом и деловен објект да биде снабден брзо, ефикасно и со квалитетно гориво односно пелети.

            “Пелет центар” Скопје всушност произлезе од потребите потрошувачите. Потрошувачот односно клиентот кај нас во “Пелет центар” претставува основа за тоа во кој правец треба да се движи и развива компанијата односно кои и какви се потребите на потрошувачот. Следејќи ги тие потреби и анализирајќи го пазарот дојдовме до заклучок дека македонскиот потрошувач сака и знае како да заштеди енергија, спремен е да инвестира во промена на начинот на греење но ја нема потребната логистика и поддршка што му создава недоверба во новите трендови на пазарот.

            Како нов тренд во делот на загревање на домаќинствата, деловните и јавните објекти несомнено претставуваа загревањето со пелети. Неколкукратните заштеди во однос на досега користените решенија на загревање(топлификација, фосилните горива, дрвата итн.) како и неколкукратното поквалитетно греење ги исфрли пелетите во преден план кога станува збор за решенија за загревање. Во тој брзо растечки период на имплементација на котли и камини на пелети како решенија за загревање, се појави дефицит т.е. недостаток на гориво односно пелети, а посебно на квалитетни пелети за греење што во одреден период почна да влева недоверба кај потрошувачите дека ваквиот тип на греење е неодржлив, токму од овие причини. Тоа беше особено истакнато во времето кога ја основавме компанијата и секако тоа беше главен предуслов и мотив.

            “Пелет центар” Скопје, ги увиде потребите на потрошувачите и во прво време компанијата беше формирана со една цел, да обезбеди навремено, брзо, квалитетно и трајно снабдување со пелети. Фокусот беше и сеуште е да овозможи снабдување со висок квалитет на пелети по достапни цени. Од тие причини во нашата понуда имаме пелети исклучиво сертифицирани со највисокиот стандард за квалитет во светот EN Plus. Токму квалитетниот производ, професионалната услуга и задоволните потрошувачи не издигнаа на позицијата лидер на македонскиот пазар кога се работи за компанија која врши дистрибуција на пелети за греење.

            “Пелет центар” Скопје, денеска ја има комплетирана понудата кога во прашање е загревањето со пелети и освен што своите потрошувачи ги снабдува со квалитетно гориво за своите котли на пелети, во својата понуда нуди и котли и камини на пелети, исклучиво од докажани производители, на тој начин заокружувајќи го процесот на греење со пелети, од консултации за тоа што значи и кои се придобивките со загревање на пелети и заштеда со истите, преку инсталирање на опрема т.е. грејни тела и инсталации, поддршка во пост-продажбата, па се до трајно и квалитетно снабдување со гориво. Со една реченица, “Пелет центар” Скопје е центарот каде ќе дознаете се и ќе добиете се што ви е потребно во врска со загревање на вашиот дом или деловен објект на пелети.