Loading...




Достава




✔ СОПСТВЕНА ДИСТРИБУЦИЈА СО ЧЕТИРИ ВОЗИЛА ОД НАЈМАЛА ДО НАЈГОЛЕМА НОСИВОСТ, ПРИЛАГОДЛИВИ НА СЕКАКОВ ВИД НА ТЕРЕН И ПРИСТАП

✔ БЕСПЛАТНА, БРЗА И ЕФИКАСНА ИСПОРАКА НА ЦЕЛА ПОШИРОКА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ

✔ ИСПОРАКА ОД ЛАГЕР ЗА МАКСИМУМ 24 ЧАСА ОД НАРАЧКА

✔ ИСТОВАР СО ХИДРАУЛИЧНА РАМПА И МАНИПУЛАЦИЈА НА ПАЛЕТАТА СО РАЧЕН ПАЛЕТАР

✔ МОЖНОСТ ЗА ЧУВАЊЕ НА ПЕЛЕТИТЕ ВО НАШИТЕ МАГАЦИНИ И СУКЦЕСИВНА ИСПОРАКА ВО ТЕКОТ НА СЕЗОНАТА

Истовар со хидраулична рампа и сместување на пелетите до крајниот складишен простор на клиентот со манипулација со помош на рачен палетар


     Бесплатната, брза и ефикасна испорака e нашиот основен постулат и тоа е она што не профилира како специјализирана дистрибутерска компанија за пелети. Основната цел е пелетите секогаш да бидат испорачани од лагер и во време прилагодено спрема потребите на купувачот. Нашите вработени секогаш ќе го направат максимумот да излезат во пресрет на Вашите барања како купувачи и во меѓусебен договор да се прилагоди времето и начинот на испорака согласно вашите обврски и согласно природата на теренот. Поседувањето на повеќе типови на возила од најмала до најголема носивост овозможува прилагодување на потребите на купувачите и испорака и во специфични услови на терен. Исто така ја нудиме и можноста за чување на претходно уплатени пелети за клиентите кои имаат проблем со складишен простор и испорака на пелетите поделени во помали нарачки во текот на сезоната согласно потребите.


Истовар со хидраулична рампа и манипулација со рачен палетар. Во овој случај за разлика од претходниот не постои можност за сместување на палетата до крајниот складишен простор на клиентот и истата се остава до местото кое заеднички се определува како оптимално за секој поединечен ваков случај.