Loading...




Типови на грејни тела на пелети



КАКВИ ТИПОВИ НА ГРЕЈНИ ТЕЛА СО ПЕЛЕТИ ПОСТОЈАТ?

 

- Грејните тела на пелети се делат во две основни категории:

> Грејни тела за централно топловодно греење

> Грејни тела без можност за централно топловодно греење, односно камини кои дуваат топол воздух со помош на вграден вентилатор во просторијата каде се поставени.

- Грејните тела за централно топловодно греење можеме да ги поделиме во две подкатегории употребувајќи ги следните термини:

> Камини за централно топловодно греење, и

> Котли за централно топловодно греење

   Разликита помеѓу камините и котлите е тоа што камините се наменети да се постават во простории во кои се живее односно дневен прстор, ходник итн. и истите 10-15% (зависно од типот на каминот) од својата снага ја испорачуваат во просторот каде се инсталирани, а останатите 85-90% од својата снага ја испорачуваат во системот на објектот, односно во радијаторите, фенкојлерите или во инсталација за подно греење. Најчесто камините се со снага од 15 kW па се до 35 kW.

  За разлика од нив котлите не се наменети за сместување во просторот каде се престојува во текот на денот, туку инсталацијата се врши во подрумски простории, остави, помошни простории во објектите итн. Котлите за разлика од камините за централно топловодно греење сета своја снага ја дистрибуираат во системот и не го загреваат просторот каде што се инсталирани. Котлите доаѓаат во изведби од 15kW па се до 100kW за загревање на домаќинства, а за поголеми објекти (угостителски, деловни, индустриски или од јавен карактер) постојат изведби и од 400-500kW, па се до 2 MW.

 

КАКО РАБОТИ ЕДЕН КАМИН ИЛИ КОТЕЛ НА ПЕЛЕТИ?

 

    Работата на камините и котлите на пелети е управувана од соодветната електроника која е вградена во секој еден камин или котел на пелети. Електрониката го управува целиот систем, од команда на спиралата да дозира пелети, преку уклучување на грејачот за потпала на пелетите, преку контрола на вентилатор за формирање на пламенот, преку уклучување на пумпата до гасење на целиот систем и чистење на ложиштето и припрема за следно палење.

     Работата на системот може да се објасни преку неколкуте фази кои ги поминува каминот или котелот објаснети редоследно во продолжение.

- Електрониката дава команда на спиралата да дозира пелети во ложиштето, по одредено време зададено во електрониката, спиралата ќе прекине да дозира.

- Во исто време додека се дозираат пелетите се уклучува и грејачот во ложиштето. Под дејството на топол воздух пелетите се палат по што грејачот се исклучува. Системот идентификува дека пелетите се запалени по температурата на издувните гасови, која се контролира преку сонда која е поставена на излез на издувните гасови на грејното тело.

- За цело ова време додека се дозираат пелетите и се уклучува грејачот паралелно работи и вентилаторот со чија помош се формира пламенот.

- Од како ќе се потпалат пелетите системот влегува во т.н. фаза на стабилизација, однонсо распоредување на пламенот низ целото ложиште, по што ќе влезе во фаза на согорување.

- Во фазата согорување кога котелот ќе постигне одредена температура на водата, која вие ја задавате на котелот (на пр. 50°C), електрониката дава команда да се уклучи водната пумпа при што почнува дистрибуцијата на топлата вода низ објектот. При повратот на ладна вода назад во котелот, по пад на одредена темп. (на пр. 45°C), електрониката ја исклучува пумпата и повторно ја загрева водата до поставените 50 °C  кога одново ќе ја уклучи пумпата. На овој начин се елиминира феноменот на кондензација кај котлите на цврсто гориво, со што значително се продолжува векот на траење на котелот.

- Во фазата согорување камините или котлите можат да се подесуваат зависно од потребите, односно од минимално дозирање на пелети и помала искористеност на снагата на котелот, па се до максмилно дозирање и максимална искористеност на моќноста на соодветниот модел на котел.

- Работата на котелот понатаму, односно регулацијата на работата на каминот или котелот може да биде зададена преку температура на вода на котелот, односно кога ќе постигне одредена температура на вода да изгасне, или комбинацаја на контрола преку собен термостат и температура на вода на котелот, при што собниот термостат е носечки регулатор, односно ако собниот термостат даде команда до автоматиката на котелот дека е постигната посакуваната температура на воздухот во просториите, тогаш котелот комплетно ќе згасне се до следната команда на термостатот дека температурата на воздухот во просториите паднала под посакуваното ниво.

 

    Ова е накрато објаснување како функционираат камините односно котлите за централно топловодно греење на пелети. ПЕЛЕТ ЦЕНТАР Скопје ви стои на располагање во секое време да одговори на секое ваше прашање и да ви изврши детална презентација на фунционирањето на камините или котлите на пелети се со цел подобро запознавање на концептот за греење со пелети.

 

КОЛКУ ЧИНИ ИНВЕСТИЦИЈАТА ЗА СИСТЕМ НА ГРЕЕЊЕ СО ПЕЛЕТИ?

     Вредноста на инвестицијата за централно греење со пелети зависи од повеќе фактори и секој објект има своја специфика и потреби. Пред се основните фактори се квадратурата односно кубатурата на објектот и каков тип на изолација поседува објектот. За детална анализа и конкретна понуда тимот на “ПЕЛЕТ ЦЕНТАР” Скопје Ви стои на располагање во секое време. По договор ќе извршиме скенирање на објектот по што ќе ви изготвиме соодветна понуда. Доколку веќе по претходно искуство знаете какви се вашите потреби, односно за каков камин или котел имате потреба,  погледнета ја нашата понуда на камини и котли каде се претставени и цените на истите по што ќе добиете слика за висината на вашата инвестиција.