Греење на пелети
Почетоците на производство и користење на пелети во Европа и Северна Америка се во 1973 година кога се случи големата нафтена криза. Во тоа време пелетите го привлекле вниманието на луѓето затоа што имале висок квалитет и калоричност и претставувале алтернатива за нафтата. Но кога цената на нафтата се стабилизирала и се вратила во нормала, цената на пелетите повеќе не била толку атрактивна и како резултат на тоа користењето на пелетите опаднало, од тој момент дрвените пелети значително помалку се произведувале.
Но производството на пелети повторно стана актуелно во почетоците на деведесетите години. Многу држави го охрабруваа своето население да користат дрвени пелети преку своите политики на т.н. “зелени даноци”, поддршка во инсталацијата на опремата преку грантови и субвенции, јавни дискусии за придобивките од греењето со пелети итн. Сите овие политики и стимулации за да се воведе греењето на пелети всушност се мерки во програмите на националните влади ширум светот против глобалното затоплување, енергетска сигурност и независност на државите, како и понуда на алтернатива за загревање на се повеќе растечката цена на нафтата. Сето тоа даде резултат, и денеска пелетите се широко распространети како еколошко гориво за загревање ширум Европа и Светот.
Иако покасно од останатите држави, греењето со пелети како концепт станува се поактуелно и во нашата држава. Нудејќи висок квалитет на загревање и економичност истовремено, греењето со пелети стана избор број за греење како на домаќинствата, угостителски објекти, објектите од јавен карактер така и на големи индустриски објекти во нашата држава. Греењето со пелети во Македонија наоѓа примена од најмали објекти од 30-40m2па се до објекти со 15.000m2 грејна површина. Во поново време не само што се користи како енергенс за загревање туку се почесто се користи и во индустријата како погонско гориво.
Зошто греење со пелети:
- Економично и евтино, а притоа висок квалитет на загревање на просторот.
- Потполна автоматска регулација на системот на греење, од палење до согорување, до гасење на системите, со што добивате удобност во живеењето.
- Заштеда на време и труд, посебно во однос на греењето со дрва.
- Потполна независност и поголем квалитет на греење при исти економски параметри (се однесува на домаќинствата кои користат централно греење преку БЕГ).
- Добивање на здрава средина за живеење во домот преку константа температура на воздухот во просторот без осцилации, овозможено преку автоматиката на ситемите на пелети.
- Многу поевтино решеније за загревање во однос на топлински пумпи и чилери, а при тоа исти сезонски трошоци.
Сите овие горенаведени параметри го прават греењето со пелети како избор број еден за загревање на домаќинства, угостителски објекти, објекти од јавен карактер како и индустриски објекти.