Loading...



Камин на пелети - BAUGER 25 kw




85.900 ден.



Шифра: 000035
Достапност: Да


Нова понуда на котли на пелети во Пелет Центар.


Ви го претставуваме брендот БАУГЕР.


БАУГЕР е заштитена трговска марка на компанијата ЛАФАТ КОМЕРЦ од Калесија, Босна и Херцеговина. 

Производствените капацитети на ЛАФАТ КОМЕРЦ, каде се произведуваат БАУГЕР котлите на пелети се едни од најголемите и најмодерните на Балканот. Со произведени преку 35.000 парчиња годишно на различни видови котли на биомаса,  преку 320 вработени, распространета на 66.000 м2, овој производствен капацитет го завзема лидерското место како по кванитет, така и по квалитет на овие простори, но и пошироко. 

Брендот БАУГЕР веќе неколку години успешно е присутен на македонскиот пазар, а од сега е достапен и во Пелет Центар Скопје. 

ЗОШТО БАУГЕР? 


✅ Висококвалитетна изработка по највисоки светски стандарди.

✅ Реномирана фабрика присутна на многу регионални и европски пазари.

✅ Гаранција 2 години на електронски делови и 5 години гаранција на котловското тело.

✅ Вградени исклучиво висококвалитетни компоненти кои ги исполнуваат највисоките европски стандарди.

✅ Широка палета на производи како на топловодни камински варијанти така и на топловодни т.н. "подрумски" котли со различна моќност, прилагодени за потребите на секој станбен или деловен објект. 

ЗОШТО ПЕЛЕТ ЦЕНТАР? 


9 години присутни на пазарот како единствена специјализирана компанија чија дејност е единствено дистрибуција на пелети и продажба на системи за греење на пелети.

9 години насобрано искуство во индустријата на пелети како гаранција дека ќе го направите вистинскиот избор за Ваш трговски партнер за набавка нов уред за греење на пелети.

Обезбеден сервис и резервни делови и сервисна екипа со долгогодишно искуство. Постпродажната поддршка на нашите клиенти е наш врвен приоритет. Квалитетот на услугата во постпродажбата е огледало на професионалноста на секој трговски субјект. Ние во Пелет Центар се грижиме за секој наш клиент да добие професионална услуга како и во фаза на продажба, така и во фаза на постпродажбата и во текот на цело времетраење на животниот век на купениот продукт од нашата компанија.

Професионална консултација за потребите на моќноста на грејното тело за Вашиот објект. Изборот на уред со оптимална моќност за секој објект посебно е многу важен чекор. Потценувањето или преценувањето на моќноста на уредот имаат негативни ефекти. Ниеден уред не смее да има ни преголема моќност, ниту пак премала и да не може да ги задоволи енергетските потреби на објектот, изборот на уредот мора да биде оптимален и прилагоден према потребите на секој објект поединечно. Токму затоа со нашето искуство ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор на уред, а ние стоиме позади тоа со целокупното наше реноме и со издадената гаранција.

Професионална услуга од почеток до крај. Секој котел мора да биде пуштен од наш овластен сервисер кој на лице место врши параметрирање на котлите со цел добро согорување, врши обука за користење на уредот, заверува гаранција од моментот на пуштање на уредот и Ви остава личен телефонски број за било кое прашање или евентуален проблем. 


Дел од карактеристиките на каминскиот модел од 25KW:


✅ 45 килограми резервоар за пелети и 42 литри вода во котелот.

✅ Интегрирани: Циркулациона пумпа, експанзионен сад и сигурносен вентил.

✅ FUMIS Словенска електроника за беспрекорна работа и ефикасност

✅ Потполно автоматско работење од палење, согорување до гаснење на каминот и можност за поврзување со собен термостат за максимална ефикасност

.Перфектна завршна обработка на сите делови на каминот


ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ









Продукти од иста категорија