Loading...



БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ - 100% бука




180 ден.195 ден.



Шифра: 000009
Достапност: Да


Потекло: Србија

Состав: 100% бука - Производ добиен од 100% буково дрво кое пред да влезе во процесот на произвдоство е третирано под воден млаз со висок притисок на специјални машини како би се отстраниле нечистотиите од трупците кои се таложат во ланецот на дистрибуција на дрвото од шумите до плацот на фабриката.

Класа: Сертифициран EN Plus A2, код на производител RS 005

Влажност: <10%

Остаток на пепел: < 1,2% (гранична вредност според стандардот EN PLUS A2, реална пепелност околу 1% до 1,1%)

Енергетска моќ: > 4,6 kWh/kg

Пакување: 70 вреќи на палета, 1.050кг палета

Цена на кг: 13 ден./кг 12,66ден./15кг

Цена на палета 1050кг: 13.650 ден. 13.300 (70 вреќи x190 ден./15кг)

Минимум нарачка  за бесплатна испорака е 30 вреќи односно 450кг
Цената за испорака на нарачки под 30 вреќи изнесува дополнителни 500 денари

Пелетите БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ се пелети со најголем стаж на македонскиот пазар. Од почетоците на греењето со пелети во 2008-ма година па се до денес БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ пелетите се присутни на пазарот со својот препознатлив дизајн на пакувањето кое веќе секој еден кој се грее на пелети ги препознава. Кога се мисли на "српските" пелети се мисли на БИОЕНЕРЏИ, тоа се показатели дека клиентите се задоволни и квалитетот е константен. Тие се дел од нашата понуда од почетоците на компанијата во 2012-та година па се до ден денешен. Поседуваат EN Plus A2 сертификат кој е втор во светот по квалитет после EN Plus A1, меѓутоа и А2 пелетите се предвидени за резиденцијално греење, со единствена разлика што оставаат повеќе пепел после согорувањето, додека калорчните параметри се исти како за А1 пелетите. Повеќе за тоа што се А1, а што А2 пелети прочитајте тука.

БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ пелетите со зеленото паковање или т.н. БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ КЛАСИК се пелети добиени од 100% буково дрво. Разликата од БИОЕНЕРЏИ КЛАСИК до БИЕНЕРЏИ ПРЕМИУМ и БИОЕНЕРЏИ ПРЕМИУМ ПЛУС е тоа што БИОЕНЕРЏИ КЛАСИК е пелет произведен од буково дрво на кое не е отстранета кората односно трупецот дрво влегува во процесот на производство со целата своја содржина. Како би се отстраниле нечистотиите на самите трупци кои се таложат во процесот на дистрибуција од шумите до фабриката, сировината потребна за производство на овој пелет КОМПЛЕТНО СЕ ТРЕТИРА СО ВОДЕН МЛАЗ ПОД ВИСОК ПРИТИСОК и на тој начин се чистат трупците пред да влезат во понатомошниот процес на производство. 

Продукти од иста категорија




Powered by EasyShop