Loading...



PELLET 4U - 100% иглолисен без кора




210 ден.220 ден.



Шифра: 000008
Достапност: Да


Минимум нарачка  за бесплатна испорака е 30 вреќи односно 450кг. 

БЕСПЛАТНАТА ДОСТАВА СЕ ОДНЕСУВА ИСКЛУЧИВО НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА.

За цени со транспорт до другите градови ве молиме обратете се на нашите телефонски броеви.

Потекло: Бугарија

Состав: 100% иглолисни дрвја без кора

Класа: Сертифициран EN Plus A1, код на производител BG 004

Влажност: < 10%

Остаток на пепел: < 0,7% (гранична вредност според стандардот EN PLUS A1, реална пепелност околу 0,4% до 0,45%)

Енергетска моќ: > 4,6 kWh/kg

Пакување: 72 вреќи на палета, 1.080кг палета

Цена на кг: 14.66 ден./кг  14 ден. 

Цена на палета: 15.840 ден. 15.120ден. (72x210)

       Фабриката PELLET 4U е 100% италијанска инвестиција, позиционирана е во Самоков, Бугарија. Пелетите PELLET 4U Бугарија за прв пат ги понудивме на македонскиот пазар во месец Јануари 2017-та година. Од тогаш наваму водени од огромниот број позитивни и нескромно ќе кажеме ниедна негативна реакција кои ги имавме ги задржавме константно во нашата понуда и покрај повисоките набавни цени кои секако се рефлектираат и на повисока малопродажна цена, а пред се се должат на високиот квалитет и највисоката А1 класа, ние одлучивме овој пелет да остане во нашата понуда за пребирливите потрошувачи. Можеби за нијанса поскапо платената цена ќе ви исплати пред се поради одличната калориска моќ кои ја даваат овие иглолисни пелети но и поради извонредно нискиот процент на пепел кој иако по стандардот може да биде и до 0,7% никогаш во ниедна наша пратка тој не бил повисок од 0,45% при бидејќи за секоја поединечна пратка поседуваме точни анализи. Тоа е извонредно ниска стапка на пепел која го скратува интервалот на на т.н. дневно чистење и се пролонгира на неколку денови (зависно од изгорената количина на пелети) но она што е уште побитно, го скратува и сезонското чистење или т.н. генерално чистење на печките, затоа што со пелети кои имаат голем процент на пепел, а примарно тоа се однесува на помалите камини до 25KW многу често може да се случи и во сред сезоната да има потреба да се направи т.н. "сезонско чистење" од причини што истите се запушени, однсно цевните изменувачи од премногу саѓи наталожени (од пелети со висока стапка на пепел) на ѕидовите се непроодни за проток на издувните гасови кои се создаваат при согорувањето и со тоа доаѓа до лошо согорување, остатоци од недогорени пелети, зголемена потрошувачка и намален комфор во употребата на грејното тело. 

Минимум нарачка  за бесплатна испорака за Град Скопје е 30 вреќи односно 450кг. За градовите до 100км радиус од Скопје исто така испораката е бесплатна но е условена од мин. нарачка од 6 палети. Може и на повеќе истоварни места во еден ист град со што постои можност за групна нарачка на повеќе потрошувачи. 




Продукти од иста категорија




Powered by EasyShop