Loading...



10 kw МИЛКУЗ - Камин на пелети со воздушно загревање




42.000 ден.



Шифра: 50
Достапност: Да


Каминот на пелети на Милкуз, моделот "Стела" со моќност од 10kw е наменет за греење во простории каде не е предвиден систем на топловодно греење. Работи на принцип на дување на топол воздух во просторијата каде е поставен со помош на вентилатор кој е сместен во горната зона на каминот (над стаклото).  

 Две изведби на бои на лагер: Бела и слонова коска (уште четири други по нарачка, црна, црвена, бордо и сива)

Мултифункционален дисплеј со италијанска електроника TIEMME. Италијанската електроника ТИЕММЕ е една од најкористените електроники во Европа за печки на пелети. Главна карактеристика на оваа електроника е стабилноста и мултифункционалноста како и низа опции за параметрирање на печката кои конкурентските електроники не ги поседуваат. Една од многуте работи по кои се разликува ТИЕММЕ од конкуренцијата, а е од директно значење за крајниот корисник е што дозволува клиентот мануелно без да мора да влезе во сервисното заштитено со код мени (како многу други) да може да изврши корекција на моќноста на вентилаторот (кој е одговорен за внес на кислород) и дотокот на пелети во ложиштето. Со овие дозволени мануелни корекции т.е. подесувања кои може самиот корисник на печката да ги изврши, се дозволува да се корегира согорувањето доколку се појават одредени проблеми со истото, а настанати од лош квалитет на пелети, лош под притисок во оџакот и слично, а при тоа да не мора да се чека сервисна екипа да дојде на терен и да ја пресетира печката.

- Сонда за собна температура која ја регулира работата на каминот.

- Керамички грејач - Керамичките грејачи имаат низа предности во однос на стандардните метални грејачи, пред се' имаат многу подолг животен век и на тој начин создаваат многу помалку проблеми и исто така важна предност е значиетелно поголемата брзина на загревање, а со тоа е зголемена и брзината на потпалување на пелетите.

- Можност за поврзување на дигитален собен термостат за максимална ефикасност и идеална регулација на собната температура. Дигиталните неделни собни термостати се инвестиција која носи заштеда на долг рок во потрошувачката на пелети, а пред сe' ви дава огромен комфор во живеењето и управувањето со каминот бидејќи секогаш ќе ја одржува идеалната зададена собна температура без да има осцилации кон топло и ладно. На тој начин добивате здрава средина за живеење, бидејќи и претпопла средина не е пријатна и здрава за домување. Со неделните дигитални собни термостати можете да извршите подесување на саканата температура во домот за секој од седумте дена во неделата посебно, секако, потребите за греење во тек на работна недела и преку викенд не се исти, па така можете да извршите подесување за секој ден поединечно од понеделник до недела. Инвестицијата во собен термостат се движи од 30 до 100 евра, зависно од типот кој ќе го одберете.

- Потполна автомастка работа на каминотод брзо палење со керамички грејач, преку комплетно автоматизирано согорување раководено од перфектната италијанска електроника ТИЕММЕ, преку работа во модулација (мин. снага) до комплетно гаснење на каминот и чистење на ложиштете како би било спремно за следно палење.



ЗА МИЛКУЗ:


СВЕТСКО, А НАШЕ! - Преку 95% од производството е наменето за извоз во земјите од ЕУ. (Германија, Швајцарија, Романија, Грција, Бугарија)

ПРОИЗВОДСТВО "СЕ ВО ЕДНО" 20.000 м2  сопствен простор! Фабриката поседува најсовремена опрема за производство, влегува табла лим, излегува финален производ односно висококвалитетно грејно тело!

НАЈКВАЛИТЕТНИ КОМПОНЕНТИ TIEMME италијанска електроника за беспрекорно и непречено управување со сите елементи на котелот, керамички грејач за долготрајност, квалитетни ротор-мотор за дозирање, бесшумни вентилатори, циркулациони пумпи произведени во ЕУ!

НАШ СОПСТВЕН СЕРВИС Секоја печка или котел мора да биде пуштен во употреба од наш сервисер (без доплата) кој дополнително го прегледува фунционирањето на печката во условите на терен каде е поставена, врши обука за користење на истата и е достапен во секој дел од денот за време, но и после гарантниот рок!

ГАРАНЦИЈА "2 СО 5" - ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНСКА ФАБРИКА која нуди 5 години гаранција на телото на котелот! Тоа е така бидејќи квалитетот на котловскиот лим и начинот на изработка на котловските тела е на највиско можно ниво и затоа ГАРАНЦИЈАТА Е РАМО ДО РАМО СО ГАРАНЦИИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ РЕГИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ! Гаранцијата на електронските делови е 2 години, ИСТО КАКО КАЈ најголемите и најсериозни производители!

ШИРОКА ПОКРИЕНОСТ СО МОДЕЛИ – од 40м2 до 400м2! - МИЛКУЗ произведува и печки на пелети за воздушно загревање на простор како и котли за централно топловодно греење за сите квадратури до макс. 400м2. Моделите доаѓаат во различни варијанти, салонски за во простор каде се домува, но и така наречени “подрумски” варијанти кои се наменети за сместување во котлара. Исто така има избор од неколку стандардни бои, но и специфични бои по нарачка.

УНИКАТЕН ДИЗАЈН - Линијата “FIAMMA VERDE” на Милкуз е посебен спој на убавото со корисното. Меките заоблени линии на камините ги прават камините на Милкуз уникатни сами по себе и се идеални за секој вид на ентериери. Грејно тело со примеси на украс во домот!   

На видеото подолу, запознајте се одблиску со фабриката Милкуз од Охрид, единствената фабрика во Македонија во која процесот на производство е заокружен, од табла лим до готов производ, без користење на надворешни соработници(за виткање, варење, фарбање итн.) на рангот на водечките регионални фабрики.




Powered by EasyShop