Loading...



БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ ПРЕМИУМ - 100% бука без кора




239 ден.259 ден.



Шифра: 000036
Достапност: Да


Потекло: Србија

Состав: 100% бука - со површински отстранета кора на трупецот

Класа: Сертифициран EN Plus A2, код на производител RS 005

Влажност: <10%

Остаток на пепел: <1,2% (гранична вредност според стандардот EN PLUS A2, реална пепелност околу 0,8 %)

Енергетска моќ: > 4,6 kWh/kg

Пакување: 70 вреќи на палета, 1.050кг палета

Цена на кг: 15.93 ден./кг

Цена на палета: 16.730 ден. за 1.050 килограми (70 вреќи x 239 ден./вреќа од 15кг)

     Пелетите БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ се пелети со најголем стаж на македонскиот пазар. Од почетоците на греењето со пелети во 2008-ма година па се до денес БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ пелетите се присутни на пазарот со својот препознатлив дизајн на пакувањето кое веќе секој еден кој се грее на пелети ги препознава. Кога се мисли на "српските" пелети се мисли на БИОЕНЕРЏИ, тоа се показатели дека клиентите се задоволни и квалитетот е константен. Тие се дел од нашата понуда од почетоците на компанијата во 2012-та година па се до ден денешен. Поседуваат EN Plus A2 сертификат кој е втор во светот по квалитет после EN Plus A1, меѓутоа и А2 пелетите се предвидени за резиденцијално греење, со единствена разлика што оставаат повеќе пепел после согорувањето, додека калорчните вредности се исти како за А1 пелетите. Повеќе за тоа што се А1, а што А2 пелети прочитајте тука.

     Кај ПРЕМИУМ А2 пелетите на БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ како би се зголемил квалитетот на производот, површински е отстранета кората од трупецот со цел да се отстранат нечистотиите кои ги носи самото дрво при ланецот на дистрибуција од шумите до производствениот капацитет. Разликата помеѓу БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ ПРЕМИУМ СО А2 СЕРТИФИКАТ и БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ ПРЕМИУМ ПЛУС СО А1 СЕРТИФИКАТ е тоа што ПРЕМИУМ ПЛУС А1 има помала количина на пепел после согорувањето како резултат на тоа што кај ПРЕМИУМ ПЛУС кората од трупецот е комплетно остранета и се доаѓа до самата срцевина на дрвотот, за разлика кај ПРЕМИУМ А2 каде што површински само се чисти кората. Резултатот на крај е помалку пепел после согорување, но калоричната вредност и сите останати параметри се идентични. На тој начин и ПРЕМИУМ А2 пелетите се одличен избор за потрошувачите.


Продукти од иста категорија