Loading...



Камин на пелети FABBYGO 25 kw




76.990 ден.



Шифра: 000035
Достапност: Да


✔️Произведени во Босна и Херцеговина

✔️Обезбеден сервис и резервни делови 

✔️Прво пуштање вклучено во цената 

✔️2 години полна гаранција (плус можност за продолжена гаранција, инфо по телефон) 

✔️45 килограми резервоар за пелети и 42 литри вода во котелот 

✔️Интегрирани: Циркулациона пумпа, експанзионен сад и сигурносен вентил 

✔️FUMIS Словенска електроника за беспрекорна работа и ефикасност 

✔️Максимална искористливост и мала потрошувачка благодарение на одличната електроника и перфектниот индустриски дизајн на каминот. 

✔️Едноставен систем за чистење на цевните изменувачи со еден потег без потреба од расклопување на каминот за чистење на истите 

✔️Потполно автоматско работење од палење, согорување до гаснење на каминот и можност за поврзување со собен термостат за максимална ефикасност 

✔️Уникатна таканаречена “воздушна завеса” поставена пред стаклото кај горилникот која штити од лепење на честички на стаклото и истото на подолг временски период го одржува чисто без да се затемни/зацрни за да уживате во погледот на пламенот 

✔️Инзвонреден модерен естетски дизајн 

✔️Перфектна завршна обработка на сите делови на каминот


Каминот на пелети FABBYGO (заштитена трговска марка) е произведен во Босна и Херцеговина. Наменет е за централно топловодно греење за објекти со максимална грејна површина од околу 160м2 со стандардна висина од 2,6м. Во објекти со висок коефициент на енергетска ефикасност може да покрие и до 180м2.

Потполно автоматизиран, од палење, преку согорување до гаснење на каминот. Има можност за поврзување на дигитален собен термостат преку кој ке ја постигнете идеалната амбиетална темпаратура во вашите простории, а при тоа ќе заштедите енергија од едноставна причина што котелот ќе работи исклучиво кога има потреба да ја одржи посакуваната температура и со тоа се избегнува дополнителна безпотребна работа на каминот, односно се штеди вишокот енергија која би се создала доколку нема уред како собен термостат. Има одличен индустриски дизајн и повеќекратен проток на издувните гасови низ каминот како максимално би се задржала топлината внатре и да се намали температурата на излез, на тој начин штедејќи енергија и има намалена потрошувачка.

Има котловско тело од 42 литри вода и поседува резервоар од 45 килограми (3 вреќи пелети од по 15кг, најмногу во класата на пазарот)

Продукти од иста категорија




Powered by EasyShop