Loading...



BIOENERGY POINT PREMIUM Plus - EN PLUS A1




210 ден.



Шифра: 000034
Достапност: Да


Потекло: Србија

Состав: 100% бука без кора - комплетно одстранета до срцевина на трупецот

Класа: Сертифициран EN Plus A1, код на производител RS 005

Влажност: <10%

Остаток на пепел: < 0,7%

Енергетска моќ: > 4,6 kWh/kg

Пакување: 70 вреќи на палета, 1.050кг палета

Цена на кг: 14 ден./кг

Цена на палета од 1.050 кг: 70 x 210 = 14.700 ден.


     За прв пат во нашата понуда, пелети произведени од 100% буково дрво, а да поседуваат EN Plus A1 сертификат. Новиот производ на најголемата фабрика на балканот БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ достапен во Пелет Центар.

     Покрај понудата на пелети со EN PLUS A1 сертификат од мешан состав на иглолисни дрвја со бука (EKO LIFE) како и чисто иглолисни (PELLET 4U) овој пат ја комлетираме понудата со А1 пелет од 100% буково дрво со комплетно отстранета кора од чиста срцевина на дрвото.

     На Вас е да изберете што најмногу Ви одговара, ние сме тука да испорачаме веднаш од лагер и да стоиме со квалитет на производот и услугата позади секое продадено кило.

     Пелетите БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ се пелети со најголем стаж на македонскиот пазар. Од почетоците на греењето со пелети во 2008-ма година па се до денес БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ пелетите се присутни на пазарот со својот препознатлив дизајн на пакувањето кое веќе секој еден кој се грее на пелети ги препознава. Кога се мисли на "српските" пелети се мисли на БИОЕНЕРЏИ, тоа се показатели дека клиентите се задоволни и квалитетот е константен. Тие се дел од нашата понуда од почетоците на компанијата во 2012-та година па се до ден денешен. Поседуваат EN Plus A2 сертификат кој е втор во светот по квалитет после EN Plus A1, меѓутоа и А2 пелетите се предвидени за резиденцијално греење, со единствена разлика што оставаат повеќе пепел после согорувањето, додека калорчните вредности се исти како за А1 пелетите. Повеќе за тоа што се А1, а што А2 пелети прочитајте тука.

     Разликата помеѓу БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ ПРЕМИУМ СО А2 СЕРТИФИКАТ и БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ ПРЕМИУМ ПЛУС СО А1 СЕРТИФИКАТ е тоа што ПРЕМИУМ ПЛУС А1 има помала количина на пепел после согорувањето како резултат на тоа што кај ПРЕМИУМ ПЛУС кората од трупецот е комплетно одстранета и се доаѓа до самата срцевина на дрвото, за разлика кај ПРЕМИУМ А2 каде што само површински се чисти кората. Резултатот на крај е помалку пепел после согорување, но калоричната вредност и сите останати параметри се идентични. На тој начин и ПРЕМИУМ А2 пелетите се одличен избор за потрошувачите.


Вашиот дистрибутивен центар за пелети, ПЕЛЕТ ЦЕНТАР СКОПЈЕ.

Продукти од иста категорија




Powered by EasyShop