Loading...



TOBY H20 - Камин на пелети со САМОЧИСТЕЊЕ




70.777 ден.88.900 ден.



Шифра: 000032
Достапност: Да


ИЗВЕСТУВАЊЕ: Заклучно со 01.08.2019 преостанати се само уште два камини ТОБИ H20 по акциската цена од 70.777 и двата во бордо боја. Сите следни продажби ќе бидат по редовна цена.

- Камините на пелети TOBY H се со САМОЧИСТЕЧКО РОТИРАЧКО ЛОЖИШТЕ и се наменети за централно топловодно греење за собна инсталација при што одреден дел од својата снага ја оддаваат во просториите каде што се сместени (од 2kw до 4kw зависно од типот на каминот и снагата моментална во која работи).

- Доаѓаат во три изведби на моќност: 15kw, 20kw и 24kw 

- Четири изведби на бои: Бордо, ванила, црна и бела (белата е по специјална нарачка, останатите од лагер)

- Чистењето на ложиштето се одвива автоматски по команда на електрониката при секое гасење на каминот, без потреба од човек фактор

- Вградени: Циркулациона пумпа, експанзионен сад и сигурносен вентил

- Цевни изменувачи со едноставен систем за чистење (видео 19-та секунда)

- Мултифункционален дисплеј осетлив на допир

Чистењето на ложиштето е одлична конкурентска предност на камините на ТЕРМОМОНТ, чистењето овозможува секогаш и во секое време да имате чисто ложиште за следно палење и секогаш чист проток на воздух низ ложиштето за идеално согорување.

- Никогаш повеќе запушено ложиште поради лош квалитет на пелети Каков и да е квалитетот на пелетите, самочистечкото ротирачко ложиште ќе успее да го исчисти ложиштето и да биде спремно за следното палење бидејќи нема да има остатоци од претходниот циклус на согорување кои би му пречеле на грејачот односно на топлиот воздух да дојде во допир со пелетите, за разлика од конвенционалните ложишта кои ако рачно не ги исчистиме има опасност поради лош квалитет на пелети истото да се преполни со недогорени материи (песок, земја инт.) и поради тоа да не може да изврши повторно палење без да се исчисти.

- Никогаш повеќе лошо согорување поради слаб проток на воздух - Кислородот е есенцијален за создавање на пламенот, доколку ложиштето не е редовно исчистено и на истото се запушени дупките низ кои продира воздухот, согорувањето или е лошо или воопшто не може да се одвива. Со камините на ТЕРМОМОНТ со самочистечко ложиште, такви проблеми никогаш нема да ви се случат, бидејќи после секое гаснење на каминот истото се ротира и со помош на "ножеви" и механичко тресење се чисти и се враќа спремно за следното согорување. Процесот на чистење на ложиштето може да се одвива и до 5 пати после гаснењето на каминот (фабрички е наместено на 2 пати).

  Термомонт е една од водечките фабрики на Балканот за производство на котли за централно топловодно греење со преку 32 години традиција. Во својата програма нуди котли на цврсто гориво, на течно гориво и гас. Сите котли ги исполнуваат најстрогите еврпоски стандарди и спаѓаат во највисоката класа 5 согласно нормите EN303-05:2012.

  Водечки сегмент согласно трендовите за користење на обновливи извори на енергија е програмата за котли на пелети каде има воведено најнапредни технологии, а една од најзначајните е секако технологијата за самочистење.

Каталог

Технички спецификации

www.termomont.rs



Продукти од иста категорија




Powered by EasyShop