Loading...



EKO LIFE ПЕЛЕТИ




189 ден.209 ден.



Шифра: 000015
Достапност: Да


               EKO LIFE пелетите се први пелети на македонскиот пазар кои доаѓаат од сериозен и голем домашен произведувач кој може да одговори на потребите на пазарот во секое време и со квантитет, но пред се со константен квалитет. EKO LIFE e фабрика во Гиновци, општина Крива Паланка, Македонија, во која се вложени три милиони евра и со тоа ја прави најсериозна фабрика за пелети во Македонија, но и прва фабрика од нашата држава која рамо до рамо се носи со големите регионални фабрики, како во поглед на квалитет, така и во поглед на квантитет. EKO LIFE пелетите се единствени пелети во Македонија, но и пошироко (Србија), кои имаат EN PLUS А1 сертификат за квалитет. Современа опрема како за производсвто на пелети така и за контрола на квалитетот на истите, односно современа сопствена лабораторија се основни предуслови кои треба еден производител да ги има согласно стандардите на EN PLUS, а кои ЕКО LIFE ги поседува. Квалитетот на пелетите е безусловен и секоја производна серија подлежи на строги контроли дури и поголеми од оние кои сертификационото тело ги побарува. Сето тоа EKO LIFE пелетите ги прави одличен избор за крајниот потрошувач, прифатлива цена за врвен квалитет на пелети. 

Потекло: Гиновци, Крива Паланка, Македонија

Состав: 75% иглолисни дрвја, 25% бука

Класа: EN Plus A1, код на производител МК 001

Влажност: < 10%

Остаток на пепел: < 0,7% 

Енергетска моќ: > 4,6 kWh/kg

Пакување: 72 вреќи на палета, 1.080кг палета

Цена на кг: 13.93 ден./кг 12.60 ден./кг - летна цена

Цена на палета: 15.048 ден. 13.608 ден. - летна цена

Минимум нарачка  за бесплатна испорака е 30 вреќи односно 450кг 

БЕСПЛАТНАТА ДОСТАВА СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА.


Продукти од иста категорија




Powered by EasyShop