Loading...



EKO LIFE - EN Plus A1 - Иглолисни дрвја и бука без кора




249 ден.279 ден.



Шифра: 000015
Достапност: Да


      EKO LIFE пелетите се први пелети на македонскиот пазар кои доаѓаат од сериозен и голем домашен произведувач кој може да одговори на потребите на пазарот во секое време и со квантитет, но пред се со константен квалитет. EKO LIFE e фабрика во Гиновци, општина Крива Паланка, Македонија, во која се вложени три милиони евра и со тоа ја прави најсериозна фабрика за пелети во Македонија, но и прва фабрика од нашата држава која рамо до рамо се носи со големите регионални фабрики, како во поглед на квалитет, така и во поглед на квантитет. EKO LIFE пелетите се единствени пелети во Македонија кои имаат EN PLUS А1 сертификат за квалитет. Современа опрема како за производсвто на пелети така и за контрола на квалитетот на истите, односно современа сопствена лабораторија се основни предуслови кои треба еден производител да ги има согласно стандардите на EN PLUS, а кои ЕКО LIFE ги поседува. Квалитетот на пелетите е безусловен и секоја производна серија подлежи на строги контроли дури и поголеми од оние кои сертификационото тело ги побарува. 

     Можеби за нијанса поскапо платената цена наспроти А2 пелетите ќе ви исплати пред се поради одличната калориска моќ кои ја даваат овие иглолисни пелети (75%) но и поради извонредно нискиот процент на пепел кој иако по стандардот може да биде и до 0,7% никогаш во ниедна наша пратка тој не бил повисок од 0,45% при бидејќи за секоја поединечна пратка поседуваме точни анализи како што наложува стандардот. Тоа е извонредно ниска стапка на пепел која го скратува интервалот на на т.н. дневно чистење и се пролонгира на неколку денови (зависно од изгорената количина на пелети) но она што е уште побитно, го скратува и сезонското чистење или т.н. генерално чистење на печките, затоа што со пелети кои имаат голем процент на пепел, а примарно тоа се однесува на помалите камини до 25KW многу често може да се случи и во сред сезоната да има потреба да се направи т.н. "сезонско чистење" од причини што истите се запушени, однсно цевните изменувачи од премногу саѓи наталожени (од пелети со висока стапка на пепел) на ѕидовите се непроодни за проток на издувните гасови кои се создаваат при согорувањето и со тоа доаѓа до лошо согорување, остатоци од недогорени пелети, зголемена потрошувачка и намален комфор во употребата на грејното тело.  

Сите овие податоци, EKO LIFE пелетите ги прави одличен избор за крајниот потрошувач, прифатлива цена за врвен квалитет на пелети и  најпродаван продукт во Пелет Центар сезони наназад.

За нарачки и информации околу количини и испорака ве молиме контактирајте на еден од наведените телефонски броеви: 078/333-383 и 072/230-120.

Потекло: Гиновци, Крива Паланка, Македонија

Состав: 75% иглолисни дрвја, 25% бука

Класа: EN Plus A1, код на производител МК 001

Влажност: < 10%

Остаток на пепел: < 0,7% (гранична вредност според стандардот EN PLUS A1, реална пепелност околу 0,4% до 0,5%)

Енергетска моќ: > 4,6 kWh/kg

Пакување: 72 вреќи на палета, 1.080кг палета

Цена на килограм: 16,6 ден./кг

Цена на еден тон: 16.660 денари/тон

Цена на палета (1.080кг): 17.928 денари (70 вреќи X 249 ден./вреќа)

Купувајте од сигурен и проверен добавувач на пелети и избегнете ги сите можности за злоупотреба на вас и вашите пари, кои за жал беа честа појава изминатата сезона!

Купувајте квалитетно, сигурно и безбедно! ПЕЛЕТ ЦЕНТАР СКОПЈЕ постои 11 години на македонскиот пазар како ЕДИНСТВЕНА КОМПАНИЈА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА САМО ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ПЕЛЕТИ ЗА ГРЕЕЊЕ!

Обезбедете огрев навреме по вонсезонски цени и спремни дочекајте ја грејната сезона!


Продукти од иста категорија