Loading...



БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ ПРЕМИУМ - 100% бука




195 ден.205 ден.



Шифра: 000012
Достапност: Да


Потекло: Србија

Состав: 100% бука - со површински одстранета кора на трупецот

Класа: Сертифициран EN Plus A2, код на производител RS 005

Влажност: <10%

Остаток на пепел: < 1,2%

Енергетска моќ: > 4,6 kWh/kg

Пакување: 70 вреќи на палета, 1.050кг палета

Цена на кг: 13.66 ден./кг 13 ден./кг 

Цена на палета: 14.350 ден. 13.650 ден. за 1.050 килограми

Минимум нарачка  за бесплатна испорака е 30 вреќи односно 450кг 

БЕСПЛАТНАТА ДОСТАВА СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА

     Пелетите БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ се пелети со најголем стаж на македонскиот пазар. Од почетоците на греењето со пелети во 2008-ма година па се до денес БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ пелетите се присутни на пазарот со својот препознатлив дизајн на пакувањето кое веќе секој еден кој се грее на пелети ги препознава. Кога се мисли на "српските" пелети се мисли на БИОЕНЕРЏИ, тоа се показатели дека клиентите се задоволни и квалитетот е константен. Тие се дел од нашата понуда од почетоците на компанијата во 2012-та година па се до ден денешен. Поседуваат EN Plus A2 сертификат кој е втор во светот по квалитет после EN Plus A1, меѓутоа и А2 пелетите се предвидени за резиденцијално греење, со единствена разлика што оставаат повеќе пепел после согорувањето, додека калорчните вредности се исти како за А1 пелетите. Повеќе за тоа што се А1, а што А2 пелети прочитајте тука.

     Кај ПРЕМИУМ А2 пелетите на БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ како би се зголемил квалитетот на производот површински е одстранета кората од трупецот со цел да се отстранат нечистотиите кои ги носи самото дрво при ланецот на дистрибуција од шумите до производствениот капацитет. Разликата помеѓу БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ ПРЕМИУМ СО А2 СЕРТИФИКАТ и БИОЕНЕРЏИ ПОИНТ ПРЕМИУМ ПЛУС СО А1 СЕРТИФИКАТ е тоа што ПРЕМИУМ ПЛУС А1 има помала количина на пепел после согорувањето како резултат на тоа што кај ПРЕМИУМ ПЛУС кората од трупецот е комплетно остранета и се доаѓа до самата срцевина на дрвотот, за разлика кај ПРЕМИУМ А2 каде што површински само се чисти кората. Резултатот на крај е помалку пепел после согорување, но калоричната вредност и сите останати параметри се идентични. На тој начин и ПРЕМИУМ А2 пелетите се одличен избор за потрошувачите.


БЕСПЛАТНАТА ДОСТАВА СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА



Продукти од иста категорија




Powered by EasyShop