Loading...




Зошто Биодом?



Зошто Биодом?

   Сте одлучиле да инвестирате во топловоден котел на пелети? - Тоа е најдобрата можна одлука кога е во прашање заштедата на вашите финансиски ресурси, комфорот во греењето, но истовремено и придонесот во заштита на животната средина и намалувањето на загадувањето на воздухот. Но, доаѓате до моментот што да купите во морето од понуда на котли на пазарот, секој трговец со своја приказна и пофални зборови за својот котел. Компаративната анализа е нашиот предлог, прашајте не нас, а и сите други трговци што нудиме, односно што поседуваат котлите како карактеристики и иновации, па потоа донесете си одлука за инвестирање на вашите средства.

    Ние ќе ве информираме дека BIODOM е ОГРОМНИ ТРИ ЧЕКОРИ НАПРЕД со следните карактеристики кои ги поседува, а тоа се:

  • Два вентилатори - За совршено согорување, единствен на пазарот
  • Препознавање на квалитетот на пелетите – Инсталирана сонда во ложиштето, единствен на пазарот
  • Варијабилни параметри - Автоматско штелување на параметрите за согорување (количество на воздух, дотур на пелети) према квалитетот на пелетите, единствен на пазарот.
  • 5 години гаранција на телото на котелот
  • 2 години гаранција на автоматиката и електрониката

   Овие три карактеристики се темелот поради кои се одлучивме да ги вклучиме во нашата понуда котлите на BIODOM Словенија, останатите карактеристики како квалитетот на изработката, максималната искористливост, минималната емисија на честички, итн. се основи за кои во BIODOM нема компромис и воопшто не се напоменуваат како предности, едноставно компанијата оди напред пред конкуренцијата нудејќи новитети и иновации кои се вградени само во котлите на BIODOM.

  • ДВА ВЕНТИЛАТОРИ - За совршено согорување, единствен на пазарот

   Согорувањето на пелетите во котлите на пелети односно формирањето на пламенот покрај пелетите како гориво зависи од два главни фактори, вентилаторот и подпритисокот во оџакот. Проблемот со многу несоодветни оџаци и несоодветниот подпритисок на истите низ годините се покажа како проблем во процесот на согорување на пелетите. Многу производители дури и во своите технички спецификации точно прецизираат колку треба да биде подпритисокот во оџакот како би функционирал нивниот котел без проблеми. Во случаите каде ќе се појави таков проблем, и каде несоодветно согоруваат пелетите, во најголем дел од случаевите, доаѓа овластен сервисер, го покачува нивото на воздух, односно го подигнуваат нивото на вртежи на вентилаторот, не ретко и до своите максимални вредности и на тој начин го “решаваат” проблемот, но на тој начин со високи вртежи на вентилаторот искористливоста на котелот е значително помала од специфицираната во упатствата. Ретко кои трговци и сервисери ги информираат за ова своите крајни потрошувачи, едноставно тоа е нешто што не може никој освен лабораторија да го измери и поминува како такво, иако е на штета на потрошувачите.

     BIODOM согледувајќи го тој проблем, во својот развоен центар иновираше решение на овој проблем со тоа што воведе два вентилатори во процесот на согорувањето. Со двата вентилатори се елиминира комплетно потребата од соодветен подпритисок во оџакот, еден вентилатор е поставен кај ложиштето на внес на воздух, а еден на излез на издувните гасови, вториот вентилатор на некој начин функционира како оџак и никогаш повеќе согорувањето на пелетите нема да зависи од тоа каков квалитет на оџак имате. Тоа не е најголемата придобивка, најголемата придобивка е што специфицираните вредности на искористливост на котелот се реални и никогаш нема да паднат испод тоа затоа што вентилаторите кај BIODOM котлите на пелети се секогаш во оптимален стадиум, никогаш не се со високи вредности, а најмалку на максимум, со тоа искористливоста е максимизирана и реална.


  • ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ПЕЛЕТИТЕ – Инсталирана сонда во ложиштето, единствен на пазарот

     Покрај двата вентилатора како иновација, со гордост можеме да кажеме дека BIODOM котлите на пелети се единствени на пазарот кои имаат сонда во ложиштето која преку мерење на одредени податоци го детектира квалитетот на пелетите односно пред се нивната калорична вредност и нивото на влажност. Овие собрани податоци овозможуваат идеално согорување и при тоа никогаш нема да имате проблем со тоа каков квалитет на пелети сте набавиле. Во продолжение, во делот за варијабилните параметри ќе бидат објаснети благодетите од оваа иновација на BIODOM.


  • ВАРИЈАБИЛНИ ПАРАМЕТРИ - Автоматско параметрирање за согорување (количество на воздух, дотур на пелети) према квалитетот на пелетите, единствен на пазарот.

      ОВОЗМОЖЕНО ОД  BIOLOGIC – Патентирана технологија која се користи исклучиво во BIODOM котлите на пелети

Погледнете тука што точно значи BIOLOGIC технологијата

   Претходно споменатите податоци кои се собрани и овозможени преку инсталираната сонда во ложиштето овозможуваат преку соодветната технологија BIOLOGIC која се користи исклучиво во котлите на BIODOM, да се воведе уште една иновација, а тоа се варијабилните параметри.

    За формирање на пламенот битни ни се две компоненти, горивото и воздухот. Идеалниот сооднос на гориво и воздух е нешто најтешко што може да се пронајде и да се дојде до идеалниот баланс, но тоа е случај кај електрониките со фиксни параметри какви што всушност користат сите понудувачи на пазарот. BIODOM со својата електроника е прв на пазарот кој нуди котел со електроника која има варијабилни параметри. Често пати сте слушнале од роднини, пријатели, комшии кои имаат котли на пелети дека рекле “котелот ми е штелуван на тие и тие пелети, па не сакам да ги менувам”, но, тука е и најголемиот проблем, дрвото е жива материја, тоа никогаш не може да биде идентично исто, дури и пелетите да се во рамките на одреден стандард, самите стандарди имаат долни и горни граници, на пример највисокиот стандард за пелети, ENplus A1, дозволува и до 10% влажност, но имате пелети и со 5%, исто така имате пелети со преку 5 kWh/kg, но стандардот вели дека и со 4,6 kWh/kg како долна граница може да биде сертифициран со ENplus A1, а тоа е скоро 10% разлика. Значи варијацијата во карактеристиките на пелетите е голема, и ретко кога еден пелет е константен и фиксен со своите параметри, впрочем, самите стандарди дозволуваат и имаат одредени горни и долни граници, а тоа е така токму од претходно наведените причини, бидејќи дрвото е жива материја и никогаш нема идентични карактеристики, па со тоа и стандардизацијата не може да биде фиксна, а не одиме понатаму дека на пазарот се нудат големи количини на пелети кои не подлежат на никаква стандардизација, тогаш проблемите со фиксните параметри уште повеќе доаѓаат до израз.

     Тука некаде доаѓаме до нашиот заклучок, познавајќи го овој проблем, никогаш фиксните параметри не можат да одговараат исто на различните видови пелети, и многу често има ситуации каде сервисерите се постојано присутни на терен прилагодувајќи и барајќи го правиот сооднос на доток на кислород и доток на пелети за да има совршено согорување. Со варијабилните параметри, преку отчитувањето на квалитетот на пелетите, електрониката сама односно автоматски ги штелува вентилаторите, со тоа и дотокот на кислород и автоматски го штелува дотокот на пелетите во зависност од нивната влажност и калоричност, на тој начин, вие во секое време имате имате совршено согорување без потреба при секоја промена на пелетите да повикувате сервисер за повторно нагодување на печката и на тој начин сте слободни во изборот на пелети од понудата на пазарот и слободни од постајана комуникација и присутност на сервисери.                                                                                    

     Доколку се одлучите за BIODOM котлите на пелети, Вие станувате сопственик на еден од најмодерните котли во својата класа со најсовремени технолошки иновации. Она што последно можеме да го нагласиме како предност е што сите овие предности кои ги имаат BIODOM котлите можете да ги добиете по цени кои помалку или повеќе не се разликуваат од моменталната понуда на пазарот, а добивата многу повеќе.

Powered by EasyShop